Skip to content

За нас

Dopolnitelni fotografii za restitucija mk (1) copy

Реституција ДООЕЛ Скопје

Друштво за обработка и наплата на штети – Реституција ДООЕЛ Скопје, е специјализирано друштво за посредство и застапување во процесот на обработка и наплата на штети чија професионална специјалност е правниот институт надомест на штета, од сите можни негови аспекти.

Што не прави најдобри на пазарот?

Платформата на нашето друштво е составена од правници, адвокати, проценители, вештаци, сообраќајни инженери, машински инженери, доктори, осигурителни брокери, односно истакнати и искусни соработници (стручни лица), кои целиот свој работен век се занимавале со проблематика поврзана со надомест на штета, интелектуално здружени со цел квалитетна услуга за задоволен клиент. 

Dopolnitelni fotografii za restitucija mk (4)

Како се обработува вашиот предмет?

За вашиот предмет, согласно потребите, со партиципативен работен ангажман за квалитетна обработка на предметот ќе се ангажираат соодветни стручни лица од потребната област. На пример, во предмет каде клиентот претрпел штета во сообраќајна незгода:

Кога ја наплаќаме услугата?

Кај нас, наплатата на процентот од отштетата секогаш се реализира на самиот крај на обработката на предметот, кога клиентот (физичко лице) ќе го добие износот наменет за надомест на неговата штета.

Од нас нема никогаш да добиете нереални ветувања ниту очекувања. Кај нас секоја фаза од постапката за надомест на вашата штета е транспарентна, односно можете да бидете во постојан тек и да извршите увид што и до каде е сработено во вашиот предмет.